Sve vijesti
24.08.2023.

A1 Македонија нов партнер на ORYX Assistance!

ORYX Assistance & A1 Macedonia

A1 Македонија е нов партнер на ORYX Assistance. Клиентите и корисниците на A1 Македонија одсега го имаат на располагање производот Roadside ORYX Assistance (Помош на пат).  

Како дел од ова ново партнерство, ORYX Assistance и A1 Македонија од 24.8.2023 година воведуваат производ ORYX Assistance прилагоден на потребите на нивните клиенти – Roadside ORYX Assistance (Помош на пат). 

Roadside ORYX Assistance (Помош на пат) е  висококвалитетна услуга наменета е за пружање брза и ефикасна поддршка во случај на дефект на возило или незгода. Овој производ е достапен на  клиентите на A1 Македонија во пакетите: Македонија, Регион и Европа. Сите производи доаѓаат со апликацијата Drive Angel (Патен Ангел). 

Со квалитетно развиена сервисна мрежа и со наградуван контакт центар, ORYX Assistance преку своите производи и услуги овозможува значајна дополнителна вредност за сите клиенти на A1 Македонија. Roadside ORYX Assistance (Помош на пат) е достапен за сите клиенти на A1 Македонија кои ќе договорат некој од тарифните модели, интернет, ТВ и останато 

Нарачки и информации може да се добијат на бесплатниот телефонски број 0800 22 202 (за повици внатре во Македонија) или на фиксниот број +389 23 204 032 (за повици од надвор на Македонија), од 0 до 24 часа, 365 дена во годината. 

A1 Македонија е членка на A1 Telecom Austria Групата, водечки провајдер на комуникациски и дигитални решенија во централна и источна Европа, кој работи во седум земји и пружа услуги за околу 24 милиони корисници. Во Македонија вработува повеќе од 1.100 вработени посветени на пружање на најдобро корис ничко искуство за повеќе од 1.200.000 корисници.