ORYX Assistance и NLB Banka AD Skopje воспоставија нова соработка со цел да им обезбедат дополнителна сигурност и поддршка на клиентите на NLB Банка. Преку банкарските пакети, картички и тековни сметки, клиентите ќе можат да користат асистенциски производи на ORYX Assistance.
Во рамките на соработката, NLB Banka ќе им доделува на своите клиенти Roadside ORYX Assistance пакети за Македонија, Регион и Европа, кои ја вклучуваат и услугата Drive Angel, како и Home ORYX Assistance пакети Basic, Standard и Extra.
Roadside ORYX Assistance Македонија обезбедува техничка помош на пат во случај на сообраќајна незгода, дефект на возилото, неправилно ракување или надворешно влијание на територијата на Република Северна Македонија. Регионалниот пакет ги опфаќа и Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, додека европскиот пакет обезбедува покриеност низ цела Европа.
Home ORYX Assistance овозможува техничка помош во домот во случај на итни интервенции, вклучувајќи услуги на водоинсталатер, електричар, бравар, стаклар и столар.
Оваа соработка претставува значаен чекор кон унапредување на корисничкото искуство, обезбедувајќи сигурна и навремена поддршка – и на пат и во домот.



