Сите вести
29.09.2021.

За клиентите на Аутомакедонија достапни се три производи на ORYX Assistance

Аутомакедонија Групација а.д. Скопје во Македонија во својот портфолио на услуги од 29 септември 2021 ќе нуди 3 производи од ORYX Assistance. Аутомакедонија ќе им овозможи  3 асистентски производи на своите клиенти, и тоа: 

 Производите ORYX Assistance се достапни со купување на производи и услуги од компаниите кои се дел од Аутомакедонија Групација– АМ Cert и АМ Broker, за сите автомобили купени и сервисирани преку Аутомакедонија, како и услугите за управување на возен парк, технички преглед и останатите  производи преку АМ Cert. 

Нарачки за услуги се примаат од 0 до 24 часа, 365 дена во годината, а повеќе информации може да се добијат на 0800 22 205 (за повици внатре во Македонија) или на +389 2 3 204 035 (за повици надвор од Македонија). Аутомакедонија е најстарата македонска компанија во автомобилската индустрија.  

 Со 75 години присуство на пазарот, обезбедува целосна мобилност на своите клиенти, нудејќи широка палета на производи, квалитетна услуга, постојано проширувајќи ја својата понуда со иновативни решенија за купувачите.