Сите вести
08.06.2022.

Македонски Телеком АД нов партнер на ORYX Assistance!

Им посакуваме добредојде на новиот партнер во Македонија – Македонски Телеком АД – водечкиот национален телекомуникациски оператор! 

ORYX Assistance во Македонија оствари нова соработка, овојпат со Македонски Телеком, најдобрата мрежа во Македонија. Македонски Телеком пушти во употреба првата комерцијална 5G мрежа, со што останува посветен на развојот на својата мрежа и на најновите технологии за да осигура стална комуникација и поврзаност на сите корисници. 

Корисниците на Македонски Телеком сега ќе можат да изберат помеѓу следниве асистенции од портфолиото на ORYX Assistance  

  • ORYX Roadside – помош на патот што вклучува апликацијата Drive Angel – пакети наменети за подрачјето на Македонија, регионот и Европа.  
  • ORYX Backup Car – Заменски автомобил на ORYX Асистенција  
  • MobiExpress – Бесплатна замена на скршен екран или стакло 

Производите се достапни со купување на производи и услуги на Македонски Телеком. Со оваа соработка Македонски Телеком потврдува дека водечката позиција на пазарот е обезбедена само за оние кои се грижат за своите корисници, пружајќи директна корист преку понудата на своите асистенции во соработка со ORYX Assistance. Затоа, Македонски Телеком останува посветен на своите корисници, пружајќи им дополнителна корист и одлично искуство за корисниците. 

 Производите може да се нарачаат од 0 до 24 часа, 365 дена во годината на телефоните на ORYX Асистенција: 0800 11 900 (за повици внатре во Македонија) или на +389 23 204 252 (за повици надвор од Македонија).