Сите вести
02.11.2021.

ORYX Assistance со Мотоцентар во Македонија со три производи

Мотоцентар во Македонија во својот портфолио на услуги од 1 ноември 2021 вклучи и три производи на ORYX Асистенција. MOTOCENTAR Македонија е увозник и дистрибутер на автомобилски гуми и фелни во Македонија, а со новата соработка со ORYX Assistance ќе го зголеми бенефитот на своите производи во однос на другите купувачи. 

Мотоцентар ќе им продава на своите клиенти три асистентски производи: 

  • Roadside ORYX Assistance (Помош на пат) – во пакетите Мотоцентар Македонија, Мотоцентар Регион и Мотоцентар Европа 
  • апликацијата Drive Angel (Патен Ангел) во рамките на производот Roadside ORYX Assistance 
  • Backup Car Мотоцентар – заменско возило со задолжителни полиси за осигурување 

Производите на ORYX Assistance се достапни со купување на производи и услуги од компанијата Мотоцентар  – Автомобилски гуми, фелни и други услуги и производи. Повеќе информации може да се добијат на 0800 11 912 (за повици внатре во Македонија) или на +389 23 204 256 (за повици надвор од Македонија).