19.12.2024.
ORYX Assistance во Македонија го поздравува новиот партнер - SIGAL UNIQA Косово

ORYX Assistance во Македонија со задоволство го објавува своето ново партнерство со SIGAL UNIQA Косово.
Како дел од оваа соработка, SIGAL UNIQA Косово воведе два нови производи за својата мрежа на клиенти.
ORYX Assistance во Македонија од сега ќе обезбедува услуги за клиентите на SIGAL UNIQA Косово кои ќе ги купат пакетите за помош на пат Европа или Европа Плус заедно со нивните осигурителни полиси.
Пакети за помош на пат – Европа и Европа Плус
Пакетите за помош на пат обезбедуваат пристап до услугите во случај на сообраќајна несреќа, дефект на возилото, невнимателно ракување или надворешно влијание на територија на Европа географски гледано во согласност со Општите услови.
За SIGAL UNIQA Групацијата
SIGAL UNIQA Групацијата е водечка осигурителна компанија во Албанија, Косово и Македонија. Основана во 1999 година и дел од UNIQA Групацијата од 2007 година, SIGAL UNIQA нуди широк спектар на осигурителни производи, вклучувајќи животно, здравствено, имотно и реосигурување. Со повеќе од 2.400 вработени и агенти, компанијата обезбедува сеопфатни осигурителни услуги и иновативни решенија за своите клиенти.