11.11.2022.
Silk Road Банка Македонија од сега нуди 4 производи од портфолиото на ORYX Assistance
Silk Road Банка АД Скопје во Македонија во својот портфолио на услуги од 12 октомври 2022 година нуди 4 производи на ORYX Assistance и на тој начин овозможува дополнителна вредност на услугата за своите клиенти, како за постоечките така и за идните.
Договорената соработка меѓу ORYX Assistance и Silk Road Банка АД Скопје ќе им овозможи на клиентите користење на дури четири асистентски производи:
- Roadside ORYX Assistance (Помош на патот), кои вклучуваат и апликацијата Drive Angel (Патен Ангел) – во пакетите Македонија, Регион и Европа
- Home ORYX Assistance (Помош дома) – во пакетите Основен, Стандарден и Екстра
- MobiExpress – поправка на скршен екран на мобилен телефон
- Backup Car ORYX Assistance
Производите на ORYX Assistance се достапни за клиентите на Silk Road Банка АД Скопје кои заклучат некои од пакетите и услугите кои содржат асистентски производи.
Нарачките за услуги се примаат од 0 до 24 часа, 365 дена во годината, за повеќе информации јавете се на 0800 22 209 (за повици во Македонија) или на +389 23 204 030 (за повици од надвор на Македонија).
Silk Road Банка АД Скопје е основана во 1993 година како една од првите приватни банки во Македонија, а од 2000 година работи под името Silk Road Банка АД Скопје. Банката работи со приватни и деловни клиенти, и со овој потег покажа грижа и даде дополнителна вредност на идните и постоечките клиенти.