2022 година започна работно за ORYX Assistance Македонија! Со топло добредојде го пречекуваме нашиот прв банкарски партнер, УНИ Банка, која од 1.1.2022 на своите клиенти во рамките на своите пакети им нуди и производи од портфолиото на ORYX Assistance. Клиентите на УНИ Банка можат да избираат помеѓу пакетите Roadside ORYX Assistance Македонија, Регион и Европа, кои вклучуваат и апликацијата Drive Angel. Тука се и производите Home Assistance, MobiExpress и Backup Car.
УНИ Банка е една од најуспешните средно големи банки во Македонија, и со оваа соработка стекна конкурентна предност во банкарскиот сектор. Им благодариме на нашите партнери за довербата и за пружањето на дополнителна вредност на своите клиенти, кои од сега ќе располагаат со поддршка и асистенција дома или на пат.
Нарачки за услуги се примаат од 0 до 24 часа, 365 дена во годината на бесплатниот телефонски број 0800 22 204 (за повици внатре во Македонија) и +389 23 204 034 (за повици надвор на Македонија).